Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги угости најдобрите српски спортисти и сите членови на тимовите кои ќе го претставуваат нашиот северен сосед на Летните олимписки игри во Париз кои ќе се одржат од 26. јули до 11. август.
Српскиот претседател им посака среќа и успех во главниот град на Франција, а им даде и дополнителна мотивација ветувајќи 200 илјади евра за секој златен медал.
„За секој награда како што знаете, ден откако ќе го освоите медалот ние ќе си ги завршиме должностите. Тие обврски не се мали. За златен медал ќе добиете 200 илјади евра. Само неколку држави се пред нашата во целиот свет по тоа. Со тоа ви кажуваме колку сте ни важни. Ние се надеваме на цела жетва на медали, нека биде двоцифрен број. А, и да донесете само една или две пак ќе ве сакаме и почитуваме бидејќи знаеме дека ќе се борите и ќе дадете се од себе за својата држава, за нашиот народ“, изјави Вучиќ во својот говор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА