Цедевита Олимпија создава тим кој ќе им парира на српските евролигаши

Словенечкиот кошаркарски клуб Цедевита Олимпија по една од најнеуспешните сезони во својата историја за сврте кон ремонт на тимот, а со оглед на звучните засилувања во Љубљана може да се каже дека овој тим следната сезона ќе им биде конкурент на Партизан и Црвена Звезда за шампионскиот трофеј во АБА.

По ангажманот на Брајтон Лемар, Алексеј Николиќ, Мартинс Гебен, Жига Данеу, Деванте Џонс и Бине Препелиќ, ново име во тимот е Девин Робинсон.

Станува збор за 29-годишен Американец висок 203 сантиметри кој ја покрива крилната позиција и со себе во главниот град на Словенија носи богато искуство со настапи за Вашингтон Визардс, неколку клубови во Џи-лигата, Улм и Манреса.

Се вчитува...