Ембид: Да не ми паѓаа луѓе на нога ќе бев најдобар на сите времиња

Камерунскиот центар Џоел Ембид кој од ова лето е нов репрезентативец на Соединетите американски држави го примами погледот на јавноста со контроверзно интервју дадено за „Њујорк тајмс“.

Центарот на Филаделфија говореше на повеќе теми, меѓудругото изјави дека САД има „пензионерски“ тим од кој не треба многу да се очекува на Летните олимписки игри во Париз, а успеа да се пофали и самиот себе си изјавувајќи дека треба да биде најдобриот кошаркар на сите времиња.

„Мислам дека ќе бев најдобар на сите времиња доколку повредите не ме спречеа во тоа. Секој плеј-оф, секој лигашки дел од сезоната, луѓето ми паѓаат на коленото и ми ги кршат коските на лицето. Секогаш некои чудни повреди во погрешно време. Да бев здрав во текот на целата кариера сега ќе беше друга приказна. Мислам дека имам талент за да бидам најдобар на сите времиња. Нормално, за тоа е потребно да освојувате шампионски прстени, а за тоа ви требаат и соиграчи, ви треба помош“, изјави Ембид.

Се вчитува...