Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес не ја крие желбата дека во иднина сака да го види младиот талентиран германски репрезентативец, Флоријан Вирц во редовите на баварскиот гигант.
Вирц во дресот на Баерн Минхен не е желба само на Хенес, туку и на останатиот дел од раководството на најтрофејниот германски клуб, како и на навивачите, но негов ангажман нема да биде лесна задача.
За услугите на 21-годишникот кој ја освои наградата за најдобар фудбалер на сезоната во Бундеслигата заинтересиран е и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА