Еуфорија во Сплит: Илјадници фанови го пречекаа Иван Ракитиќ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите хрватски фудбалер Иван Ракитиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на храватскиот прволигаш Хајдук Сплит. 36-годишникот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката и на дополнителна година.

Во Сплит тој беше пречекан еуфорично од стана на илјадници фанови на кои тој им се обрати.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа да ме поздрават. Му благодарам на претседателот, директорот и навивачите, особено на мојата сопруга која ме поддржа во оваа одлука, и на мојот кум Кети, кои имаа огромна улога во сето ова.

Да ми кажеше некој пред два-три месеца дека ќе седам тука, ќе му се насмеаев. Среќен сум и горд што можам да му вратам на хрватскиот фудбал за сето што тој ми го даде. Се отвори можност да дојдам во Хајдук и тоа беше единствената опција. Среќен сум што ќе уживам тука и едвај чекам да се приклучам на тимот, да ги почувствувам овие навивачи и што побрзо да започнеме.

Се слушнавме со Гатузо. Тренерот е газда, тој знае што треба да правиме. Јас ќе помогнам како било, дури и ако треба како десен бек. Тука сум да помогнам и да ја повлечам целата екипа, нема никакви проблеми во врска со тоа. Важно е да се запознаеме, да се почувствуваме и тогаш се ќе дојде само по себе“, изјави Ракитиќ.

Се вчитува...