Искусниот аргентински фудбалер Ерик Ламела кој зад своето име има 177 настапи во Премиерлигата за Тотенхем од денеска и официјално е нов фудбалер на грчкиот прволигаш Аек Атина.
Триесетидвегодишникот потпиша тригодишен договор, а во главниот град на Грција пристигнува од шпанската Севилја каде во последните години и немаше запазен настап.
Во центарот на вниманието репрезентативецот на Аргентина беше додека го носеше дресот на Тотенхем.
✍️ #Lamela Welcome @ErikLamela 🟡⚫️#aekfc #aek pic.twitter.com/7VLOEZIvfp
— Black & Yellow 21 (@blackyellow21_) July 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА