Одличната партија на репрезентативецот на Јужен Судан, Карлик Џоунс против ѕвездениот САД во која со трипл-дабл учинок замалку не ја предводеше афричката држава до сензационален триумф може да му ги поремети плановите на Партизан.
Уште на полувремето од пријателскиот натпревар Џоунс стана топ тема во кошаркарскиот свет, а многумина сугерираа дека треба да добие договор од НБА тим. Тоа може и да се случи, но само до четврток, пред да стапи на сила договорот кој го има со српските „црно-бели“, пренесуваат НБА инсајдерите.
Џоунс претходната сезона ја помина во Кина, а во 2023 година беше прогласен за најдобар кошаркар на Џи-лигата бележејќи просек од 26.1 поен, 7.0 асистенции и 4.4 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА