Натпреварот помеѓу Ривер Плејт и Ланус на славниот „Монументал“ се очекуваше дека ќе донесе спектакл бидејќи на полувремето овој аргентински тим сакаше да го поздрави Енцо Фернандез, големиот навивач на овој клуб кој неодамна ја освои Копа Америка, но за жал донесе нови срамни сцени од Аргентина.
„Црвено-белите“ навивачи од Буенос Аирес решија да го поздрават фудбалерот на Челси со хорска изведба на расистичката песна против Французите која Фернандез и самиот ја пееше по триумфот во финалето на Копа Америка. Оваа песна датира уште од Мундијалот во Катар, а сега повторно се најде во центарот на вниманието.
Постапката на Фернандез претходно беше осудена од многу фудбалери со афричко потекло како и неговите соиграчи на „Стемофрд Бриџ“. Енцо се извини, а Челси започна дисциплинска постапка против него. Дали новиот испад на Аргентинците ќе донесе и поголема казна за овој млад фудбалер останува да видиме.
ENZO EN EL MONUMENTAL ❤️
— River, el más grande (@RiverRMG) July 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА