Новиот италијански прволигаш Комо продолжува со респектабилните засилувања. По ангажманот на Пепе Реина, Алберто Морено и Рафаел Варан пред потпис со клубот предводен од Цеск Фабрегас е и заборавениот Бразилец Артур Мело.
Играчот за врска кој во минатото реализираше трансфери од 30 и 80 милиони евра е фудбалер на Јувентус, но не добива шанса во „старата дама“ па претходната сезона ја помина на позајмица во Фиорентина.
Неговата цена на маркетот драстично падна во последните години и сега изнесува само 15 милиони евра. Договорот на 27-годишникот со Јувентус е до крајот на сезоната 2025/26 па и торинскиот клуб нема ништо против тој да го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА