Револуција во кошарката: Филипинците воведоа шут за четири поени

Филипинската кошаркарска репрезентација започна револуција во кошарката со воведување на шут за четири поени на еден официјален натпревар.

Според информациите на филипинските медиуми, ова правило за прв пат ќе биде применето во тамошниот Гувернерски куп кој традиционално се одржува од 1993 година. Линијата за три поени ќе остане, a новата линија ќе биде на растојание од 8.2 метра.

Интересно, тоа нема да биде единствното ново правило како што најави претседателот на федерацијата, Рики Варгас.

„Рамислуваме за неколку промени на правила, а едно од нив е линијата за четири поени“, вели Варгас.

Се вчитува...