Барселона одново се соочува со големи финансиски проблеми поради кои претседателот Жоан Лапорта е принуден да наоѓа алетернативни решенија. Едно од нив ќе биде и кратење на плати и тоа на еден од искусните во тимот Роберт Левандовски.
Полскиот репрезентативец е вториот најплатен фудбалер во шпанското првенство со годишно примање од 33.3 милиони евра со што во моментот платата на 36-годишникот е сериозен проблем за каталонците.
Умешниот Лапорта има план како да му ја намали платата, но планот на претседателот со сигурност нема да се сложува со желбите на новиот тренер Ханси Флик. Имено, според договорот на Левандовски, доколку тој настапи на помалку од 55 отсто од натпреварите нема да ја добие целата годишна плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

