Торонто ги поместува НБА границите: Ќе се подготвува во Европа

НБА франшизата Торонто Рапторс чиј предводеник е српскиот стратег Дарко Рајаковиќ ќе испише историја како прв тим од најсилното кошаркарско првенство кој подготовките за новата сезона ќе ги одработи на европско тло.

Канадскиот тим најави дека подготовките за новата сезона ќе ги започнат од Малага, Шпанија на средината на месец август.

Тоа ќе биде нов историски подвиг за Торонто кој претходната сезона прв ангажираше европски тренер.

Се вчитува...