Јапонец ќе биде првиот трансфер на „новиот Ливерпул“?

Ливерпул започнува нова ера со својата историја откако долгогодишниот тренер Јирген Клоп ова лето беше заменет со Арни Слот. Холандскиот тренер има на располагање добро пополнет тим на сите позиции на „Енфилд“, но и покрај тоа сака неколку трансфер за освежување на ростерот.

Голема желба на холандскиот стратег според англиските медиуми е репрезентативецот на Јапонија и член на Реал Сосиедад, Таке Кубо, кој е блиску до заминување од екипата од Сан Себастијан.

За 23-годишниот фудбалер кој потекнува од младинската школа на Барселона, а во кариерата беше дел и од Реал Мадрид, Ливерпул е подготвен да издвои 65 милиони евра. Сепак, за реализација на овој трансфер најверојатно ќе се почека „црвените“ да продадат еден од постоечките офанзивни фудбалери во тимот, и тоа Дарвин Нуњез или Луис Дијаз за да отворат простор за јапонскиот интернационалец.

Се вчитува...