Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ потпиша договор со Реал Мадрид на уште една година.
Се знаеше дека 38-годишниот ќе игра уште една сезона во шпанската престолнина, како и дека ќе биде капитен. Во своето прво интервју како капитен на кралскиот клуб тој изјави дека должност е на сите негови соиграчи да се борат за секој трофеј.
„Ќе одиме чекор по чекор. Треба добро да ја започнеме сезоната во Суперкупот на УЕФА, а потоа и во Ла Лига. Должност на секој мадриѓанец е да се бори за секоја титула. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и ќе бидеме на потребното ниво за да ги израдуваме навивачите“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА