Официјален Кремљ објави дека е неприфатлива одлуката на Франција да не дозволи неколку руски новинари да бидат акредитирани за Олимписките игри во Париз. Русија ја обвинува Франција дека ја загрозува слободата на медиумите.
Вршителот на должноста француски министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во неделата изјави дека француските безбедносни служби одбиле повеќе од 4.000 апликации за акредитација за Олимпијадата, вклучително и неколку апликации одбиени поради сомневање за шпионажа и страв од сајбер напади.
Тој додаде дека поради постоење на сомнеж и страв од шпионажа, биле одбиени околу стотина барања за акредитација, а меѓу тие стотина одбиени апликанти за апликацијата имало и неколку од Русија и Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА