Тотенхем и Олимпик Марсеј постигнаа договор за позајмица, па Пјер-Емил Хојбјерг кариерата ќе ја продолжи во Франција. Данецот минатата сезона одигра 39 натпревари за Тотенхем, но стартуваше само на десет од нив.
Хојбјерг има договор со Тотенхем до јули 2025 година, а во Олимпик првично доаѓа на позајмица. Сепак, договорот меѓу двата клуба содржи задолжителна откупна клаузула на крајот од сезоната вредна 17 милиони фунти.
✍🏼 Officiel ! Pierre-Emile Hojbjerg rejoint l’Olympique de Marseille ! 🇩🇰 #TeamOM pic.twitter.com/hc2zgiKrks
— Guillaume Tarpi (@GuillaumeTarpi) July 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА