Познати се понудите на Торонто Репторс и Олимпијакос до бугарскиот крилен центар Саша Везенков. Беше објавено дека 203 центиметри високиот играч повеќе не е член на канадската НБА франшиза, а американскиот новинар Блејк Марфи објави дека 28-годишниот играч ја пропуштил можноста да инкасира нешто повеќе од шест и пол милиони долари играјќи за тимот на Дарко Рајаковиќ.
Според грчка „Газета“, петгодишниот договор на Везенков ќе биде „тежок“ дури 17 милиони евра, од кои 13 милиони се загарантирани за првите четири сезони.
Везенков, минатата година во Сакраменто бележеше 5,4 поени по натпревар, со 2,3 скока во просек на 54 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА