САД без Дурент на првиот меч на ЛОИ?

Американците би можеле да бидат значително ослабени во дуелот со Србија на стартот од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Србија и САД се среќаваат во првото коло, в недела од 17.15 часот во Лил, а во тимот на САД најверојатно нема да биде Кевин Дурент.

Дурент започна да тренира со тимот оваа недела, а нема одиграно ниту еден претсезонски натпревар овој јули. Додека Кавај Ленард го напушти тимот поради неподготвеноста на почетокот на подготовките, селекторот Стив Кер вели дека не ни помислил Дурент да не дојде во Париз.

Кер истакна дека сака популарниот Кеј Ди да направи неколку тренинзи пред да се врати на паркетот.

Се вчитува...