Конечно, договор: Фенербахче го донесе напаѓачот што Мурињо го посакуваше

Жозе Мурињо дојде како огромно засилување за Фенербахче, а управата на турскиот гигант прави се за да ги исполни желбите на трофејниот стратег во овој преоден рок.

Така, денеска е договорен уште еден значаен трансфер за Фенер, откако конечно беше постигнат договор со Севилја за ангажман на Јусеф Ен-Несири. Овој голгетер беше на врвот на листата со желби за нов напаѓач на Мурињо откако „специјалниот“ пристигна во Истанбул, но Фенер се мачеше да постигне договор со Севилја, која имаше и побогати понуди од Саудиска Арабија за голгетерот. На крајот, пресуди желбата на Ен Несири да се пресели во Фенербахче, па шпанскиот клуб ја прифати финалната понуда од вкупно 21 милион евра, од кои 12 милиони се загарантирани, а девет милиони поврзани со неколку клаузули поврзани со бројот на настапи и голови на Мароканецот, но и освоени трофеи на Фенер.

Ен Несири е вториот класичен напаѓач што Фенербахче го носи летово, по Ченк Тосун од Бешикташ, па големи се шансите дека овој трансфер ќе значи и заминување на Един Џеко. Босанскиот ветеран во изминатиот период беше поврзуван со трансфер во Хајдук, нешто што може да се реализира по преселбата на Ен Несири во Фенер.

Се вчитува...