Интер денеска и официјално ги претстави домашните дресови што „нероаѕурите“ ќе ги носат во сезоната 2024/25. Логото е преместено централно, лево е сместено италијанското знаме кое означува дека овој тим е актуелен првак во Калчо-лигата, но она на што фановите се најеуфорични е втората шампионска ѕвездичка која се наоѓа на овој дрес.
Овогодинешната титула беше вкупно 20. во клупската историја, а со оглед на традицијата на секои десет титули да се испишува по една ѕвездичка на дресот, Интер од денеска за првпат има две шампионски ѕвездички на својата опрема.
„Нероаѕурите“ се втор италијански клуб со ваков успех, по најтрофејниот клуб Јувентус.
„Интер и Најк со задоволство го претставуваат дресот за сезоната 2024/25. Овој дрес ќе остане запишан во историјата, поради фактот дека прв ќе ја има на себе и историската втора ѕвезда“, објави италијанскиот првак.
Erano nei nostri sogni, ora vivono sulla nostra pelle ⭐⭐
Affrontiamo nuove sfide mentre diamo forma al nostro futuro 🔥The Stars. The Start. 👕🖤💙#ForzaInter @nikefootball
— Inter ⭐⭐ (@Inter) July 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА