Од Партизан реализираше трансфер во Дубаи

Доскорешниот кошаркар на Партизан, Данило Андушиќ стана шесттото засилување на новоформираниот проект КК Дубаи кој во новата сезона ќе биде дел од АБА лигата.

Андушиќ последните две сезони ги помина во „црно-белите“ редови помагајќи му на белградскиот тим да ја освои АБА лигата во 2023 година. Последната сезона забележа поскромна минутажа и просек од само 5.0 поени и 1.1 скок во Евролигата.

Претходно овој клуб го засилија и Нејт Мејсон, Немања Дангубиќ, Ахмед Дубериоглу, Леон Радошевиќ и Аваду Абас.

Се вчитува...