Македонскиот првак Струга ТЛ беше експресно елиминиран од Слован во квалификациите за Лигата на Шампионите, но според системот на натпреварување на УЕФА шампионите кои се експресно елиминирани имаат и нова шанса за продолжување на европското лето.
Така, стружани се селат во квалификациите за Конференциската лига, каде за противник го имаат ерменскиот Пјуник. Станува збор за ривал кој во минатите години има играно против екипи од Македонија, а мора да се одбележи дека Пјуник на досегашните осум средби со тимови од нашата земја има скор од пет победи и три реми.
„Играме пртоив тим што е максимално борбен и дисциплиниран. На последните две средби со Динамо Минк одиграа цврсто во одбраната и покажаа дека знаат да бидат многу опани преку контранапади. Имам виоко мислење за нив, но верувам дека ние имаме квалитет за да ги победиме. Како домаќини наша желба секако е да се слави на овој прв натпревар, и тоа што поубедливо, но исто така и мораме да бидеме внимателни“, изјави тренерот Ќатип Османи на денешната прес-конференција.
Првиот дуел меѓу Струга ТЛ и Пјуник ќе се игра утре на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА