Селекторот на Бразил, искусниот хрватски стратег Александар Петровиќ даде интервју за спрскиот медиум „Basketball Sphere“ во кој тема на разговор беше и неговиот репрезентативец и член на КК Партизан, Бруно Кабокло.
Бразилскиот центар е во фокусот на кошаркарската јавност откако своеволно го напушти Партизан пред крајот на сезоната па неговата иднина во „црно-белите“ редови е неизвесна. А, пак Петровиќ смета дека таа средина воопшто не е за него.
„Кабокло е уникатен кошаркар. Тој сака да биде опкружен со позитивна енергија и да нема притисок. Знам дека тоа е многу полесно да го има во репрезентацијата на Бразил отколку во некој клуб каде е десет месеци и каде што околината е различна за разлика од националниот тим со кој си само неколку недели.
Нема многу центри во светов кои се способни да го направат тоа што среќниот Кабокло може да го направи. Како пример, тој поставува 100 блокови на 10 метри од кошот и со полна брзина завршува во рекетот. Тоа го правеше перфектно во Рига и затоа таму беше МВП“, вели хрватскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА