Германскиот произведител на автомобили, Ауди се подготвува за превземањето на еден од тимовите со најдолг стаж во Формула 1, Заубер, а со цел конкурентност уште од самиот страт на местото на оперативен шеф и технички директор го именуваше Матија Биното.
Биното зад себе има пребогато искуство во најбрзиот шампионат на светот. Тој беше дел од Ферари од 1995 до почетокот на 2023 година притоа од година во година напредувајќи во хиреархијата. Последната функција ја имаше како шеф на тимот, функција која ја вршеше од 2019 година.
Италијанецот оваа функција ќе започне да ја врши од 1. август, стои во соопштението на тимот.
BREAKING: Audi announce former Ferrari chief Mattia Binotto to lead F1 Project#F1 #Formula1 pic.twitter.com/Z91WoMDSuo
— Formula 1 (@F1) July 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА