Фенербахче славеше со 3-4 на гостувањето против швајцарски Лугано во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. А, убедливо најдобар поединец во тимот на Жозе Мурињо беше Един Џеко, кој во првиот сезонски натпревар постигна хет-трик.
Џеко очигледно има сериозна доверба од Мурињо, и тешко дека ќе се одлучи за преселба во сплитски Хајдук, како што најавуваат хрватските медиуми. Пред неколку денови постигна два гола на пријателски натпревар, а сега запиша хет-трик во гостинската победа во Лугано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА