Македонскиот шампион Струга ТЛ е единствената домашна екипа која остана ова лето на натпреварите на европската сцена и покрај тоа што беше елиминиран од Слован Братислава во квалификациите за Лигата на Шампионите.
Сепак, согласно системот на натпреварување на УЕФА стружани добиваат уште еднаш шанса во Европа, сега продолжува во 2. квалификациско коло од Конференциската лига. Па, денеска Струга ТЛ ја очекува пресметката со ерменски Пјуник во првиот натпревар од втората квалификациска рунда.
Станува збор за ривал кој во минатите години има играно против екипи од Македонија, и тоа повеќе од успешно. Пјуник на досегашните осум средби со тимови од нашата земја има скор од пет победи и три ремија.
„Играме против тим што е максимално борбен и дисциплиниран. На последните две средби со Динамо Минк одиграа цврсто во одбраната и покажаа дека знаат да бидат многу опани преку контранапади. Имам виоко мислење за нив, но верувам дека ние имаме квалитет за да ги победиме. Како домаќини наша желба секако е да се слави на овој прв натпревар, и тоа што поубедливо, но исто така и мораме да бидеме внимателни“ – вели тренерот Ќатип Османи пред денешниот дуел.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Пјуник денеска ќе се игра утре на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА