Спречен обид за напад во Париз: Уапсен 18-годишник кој планирал напад на ЛОИ

Француски „Ла Паризиен“ информираше денеска дека во Бордо е уапсен 18-годишник кој планирал напад за време на Олимписките игри.

Француската антитерористичка полиција го потврди апсењето во југозападна Франција, при што е откриено дека 18-годишникот имал намера да изврши напад или напади за време на Олимписките игри.

„За време на процесот на верификација, на околу пет илјади лица им е забрането да присуствуваат на Олимписките игри, додека за повеќе од илјада од нив е изречена целосна забрана“ – изјави францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, кој нагласува дека има најстрогите можни мерки во пресрет на Олимписките игри и свеченото отворање кое е закажано за петок.

Се вчитува...