Дани Олми, фантастичниот шпански фудбалер по одличната сезона на клупско ниво блесна и на Европското првенство во Германија каде и помогна на својата репрезентација да стигне до златниот медал со три голови и две асистенции.
Дваесетишестгодишникот ова лето се поврзува со заминување од Лајпциг, а за неговите услугите покрај европските гиганти Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ заинтересиран е и саудискиот Ал Наср кој сака да го спои Шпанецот со Кристијано Роналдо во нападот.
Шансите за тоа сепак се „нула“, како што вели спортскиот директор на Лајпциг, Рувен Шредер.
„Нема никаква шанса Олмо да направи трансфер во Саудиска Арабија“, изјави Шредер.
Дани Олмо е фудбалер на Лајпциг од 2020 година. Досега настапи на 148 натпревари постигнувајќи 29 голови и 34 асистенции. Неговиот договор со герамнскиот клуб е со важност до 2027 година, а до неодамна постоеше и откупна клаузула од 60 милиони евра, клаузула која ниеден клуб не ја активираше.
Сепак и покрај тоа тој останува достапен за овој износ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА