Новото раководство на Манчестер Јунајтед ова лето веќе стигна до потписите на Џошуа Зиркзе и Лени Јоро, а очекувањата се дека англискиот клуб до крајот на летниот преоден рок ќе промовира уште неколку засилувања.
Високо на листата на желби се наоѓаат Мануел Угарте, Матијас де Лухт и Нусер Мазрауи, но за ангажман на сите тројца на „црвените ѓаволи“ им се потребни заминувања за дополнување на буџетот. Со таа цел Манчестер Јунајтед би можел да продаде дури седум фудблаери.
Хари Мегваер, Скот Мектоминеј, Ентони и Санчо се слободни да го напуштат клубот доколку за нив добие примамлива цена, а ист е и случајот за Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисака и Кристијан Ериксен кои влегоа во последната година од договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА