Шпанија го постигна првиот гол на ОИ во Париз (видео)

Фудбалскиот турнир на Олимписките Игри традиционално почнува неколку дена пред свеченото отворање, па така денеска и официјално беше означен стартот на фудбалските возбудувања на ОИ во Париз.

Со почеток во 15 часот први стартуваа средбите Аргентина – Мароко и Шпанија – Узбекистан, а ќе остане запишано дека стрелец на првиот гол на  овие Олимписки Игри беше Шпанецот Марк Пубил. Овој 21-годишен дефанзивец се најде на вистинското место по едно нафрлање од левата страна и рутински го совлада узбекистанскиот голман, за рано водство на „црвената фурија“.

Погодокот на Пубил, прв на фудбалскиот турнир на ОИ во Париз, можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...