Прв скандал на ОИ: Го шпионирале противникот, па веднаш беа исфрлени од Игрите

Првиот голем скандал на ОИ во Париз се случи уште на два дена пред свеченото отворање на Игрите, откако два члена на канадската женска фудбалска репрезеентација се исфрлени од ОИ 2024 поради шпионирање на противникот, конкретно селекцијата на Нов Зеланд.

Имено, фудбалерките на Нов Зеланд биле шпионирани на последниот тренинг пред мечот со Канада, кога забележале дека дрон го надгледува она што тие го работеле на тренингот. Веднаш следела пријава до официјалните лица, по што истрагата покажала дека зад шпионирањето стојат помошниот тренер во канадската репрезентација, Џасмин Мандер и аналитичарот Џозеф Ломбарди.

Биле обезбедени и докази против двајцата, по што експресно биле избркани од Олимпиското село и нема да бидат дел од канадската делегација на овие Олимписки Игри.

Селекторката Беверли Пристман поради скандалот доброволно се повлекла од функцијата на еден натпревар и нема да ја води Канада на дуелот со Нов Зеланд.

„Во името на целиот тим, сакам да се извинам на сите во Фудбалскиот Сојуз на Нов Зеланд и фудбалерките на оаа селекција. Ова не ги претставува вредностите за кои кандската репрезентација се залага. Јас сум селекторка и како таква сум одговорна за однесувањето на нашата фудбалска програма, па затоа решив самата да се казнам и доброволно да се повлечам од стручниот штаб за наредниот меч“, објави Пристман.

Канада е актуелен олимписки првак во женски фудбал од ОИ 2020.

Се вчитува...