ЕСПН: Лео Меси, најдобар светски фудбалер во 21. век

Американската ТВ станица ЕСПН во изминатите денови објавуваше дел од дел од ранг-листата за најдобри светски фудбалери во 21. век, на која на чело се најде Лео Меси.

Вечната дилема, дали Меси или Роналдо, новинарите на ЕСПН ја решија во корист на аргентинскиот фудбалски генијалец кој се најде на престолот во ова рангирање. Во описот е наведено дека Меси ја добива наградата како осумкратен освојува на „Златната топка“, рекорден стрелец на Барселона (672 гола) и Аргентина (109 погодоци), притоа освојувајќи и бројни трофеи од кои најзначајни се оние од СП во Катар, десетте шампионски титули во Ла Лига со Барселона и четирите пехари во Лигата на Шампионите со каталонскиот гигант.

Кристијано Роналдо се најде на второто место во ова рангирање, пред двајцата Французи, Тиери Анри на третата и Зинедин Зидан на четвртата позиција. Мало изнендување е што на петото место се пласираше Лука Модриќ, хрватскиот генијалец кој неодамна потпиша нов договор со Реал Мадрд.

Новата „ѕвезда“ на Реал, Килијан Мбапе, се наоѓа веднаш зад Модриќ, најдобрите десетмина ги комплтираат Андрес Иниеста, Чави, Бразилецот Роналдо и неговиот сонародник Роналдињо.

Во рангирањето од 11. до 20. место во изборот на ЕСПН се најдоа: Златан Ибрахимовиќ, Кевин де Бруине, Тони Крос, Серхио Рамос, Карлес Пујол, Карим Бензема, Серхио Бускетс, Роберт Левандовски, Кака и Нејмар.

Се вчитува...