Борачот од Тунис, Амин Гуеничи нема да може да настапи на Олимписките игри во Париз, откако доби четиригодишна суспензија поради допинг. Според одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, Амин Гуеничи е суспендиран на четири годинипа затоа не може ниту да учествува на Игрите во Париз, потврди во средата Боречката федерација на Тунис.
На Арапските игри минатата година, Гуеничи го освои златниот медал во борење во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми.
„Геничи е суспендиран затоа што намерно не го направил тестирањето. Минатиот ноември лекарите дојдоа во неговата соба во елитниот тренинг центар и тој одби да ја отвори вратата. По неколку часа тој само поднесе примерок од урина, резултатот беше негативен. Следните два теста на крвта исто така беа негативни на недозволени супстанци“, рече техничкиот директор на Туниската боречка федерација Монтасер Обаиди.
Поради начинот на кој се однесуваше, Гуеничи најпрвин доби условна суспензија од четири месеци и можеше да учествува на квалификацискиот турнир за Игрите во Египет каде што успеа да избори место во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА