Спировски со гол вреден „Пушкаш“ донесе победа за Струга против Пјуник (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум со предност од 2-1 ќе патува на реваншот против ерменски Пјуник во 2. коло од квалификациите во најмладото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Стружани поведоа со 1-0 со голот на Бесарт Ибраими од пенал во 8. минута. На 1-1 израмни Вилела исто така од пенал во 23. минута, а со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел фудбалерот на гостинскиот тим Вакуленко во 60. минута доби директен црвен картон. Играчката надмоќ стружани ја искористија во 73. минута кога Стефан Спировски кој со својот гол првенец, кој многу лесно може сезонава да биде номиниран и за наградата „Пушкаш“ донесе победа од 2-1.

Реваншот меѓу овие два тима е закажан за следниот вторник.

Sergiy Vakulenko (Pyunik Yerevan) straight red card against Struga 60'
byu/Meladroitdimage insoccer

Struga [2]-1 Pyunik Yerevan – Stefan Spirovski 73'
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...