Ракометарите на Пелистер ги почнаа подготовките за новата сезона. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ прозиваше тренерот Бранислав Ангеловски и неговиот стручен штаб.
На првата прозивка присутни беа и новите засилување: Никола Митревски (Порто), Филип Ивиќ (Шамбери), Усама Хосни (Ал-Араби), Кајо Цикетиќ (Горица), Илија Абутовиќ (Шартр), а кон екипата за подготовките се приклучени тројца ракомтари на Пелистер 2: Богдан Мијушковиќ, Василије Печурица и Алем Хоџиќ. На подготовките го немаше Нејц Цехте кој со словенечката репрезентација ќе настапи на Олимписките игри во Париз, додека Ненад Костески заздравува од повредата на коленото, но е присутен е на прозивката во Битола.
Екипата ќе се подотвува во Битола до 4. август, а потоа ќе замине на двонеделни подготовки на Златибор. Таму се предвидени два контролни натпревари. По враќањето од Србија, шампионот на Македонија ќе настапи на три подготвителни турнири до почетокот на официјалните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА