Кошаркарите на Бразил ги пречекуваат Олимписките игри во добро расположение, а тоа го покажува и видео објавено на социјалната мрежа „Твитер“. Во преден план е плејмејкерот на Црвени звезда, Јаго дос Сантос, кој е висок само 175 центиметри.
Соиграчите решија да го „почестат“, па бекот успеа да забие како никогаш во животот.
Селекцијата на Бразил, на чија клупа седи Александар Петровиќ, пласман на Игрите обезбеди преку квалификациите и е во групата Б со Франција, Јапонија и Германија.
Yago got hops 😂#Paris2024 x #Basketball pic.twitter.com/MjlllueBZo
— FIBA (@FIBA) July 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА