Баерн Минхен победи со 14-1 во дебито на Винсент Компани

Баерн Минхен славеше со 14-1 во традиционално првиот меч на тимот во новата сезона против нисколигашот Ротах-Егерн.

Ова беше прв натпревар на кормилото на Баварците за Винсент Компани, кој сепак не треба да биде задоволен од резултатот бидејќи Баерн Минхен минатата година против истиот противник славеше со 27-0.

Три гола за Баерн постигна Тел, по двапати погодуваа Личина и Иранкунда, а во листата на стрелци се запишаа и Мазрауи, Гереиро, Ибрахимовиќ, Бои, Садат, Асп, и Асеко Нкили.

 

Се вчитува...