Македонскиот голман Дамјан Шишковски и неговиот Борац Бања Лука одиграа одличен натпревар на гостувањето кај грчкиот шампион ПАОК, откако загубија само со 3-2 против големиот фаворит во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Кулеракис во 17. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку поранешниот фудбалер на Работнички и Брегалница Себастијан Херера во 22. минута. Ново водство за домаќините донесе Кулеракис со својот втор гол 2-1, додека до крајот на првиот дел беше 2-2 со погодокот на Кулашин во третата минута од судиското надополнување. Конечните 3-2 ги постави Трост-Еконг во 51. минута.
PAOK 1-[1] Borac Banja Luka – Sebastian Herrera penalty 22'
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА