И Холгер Руне нема да игра на ЛОИ во Париз

По Јаник Синер и Хуберт Хуркач и данскиот тенисер Холгер Руне го откажа учеството на Олимписките игри во Париз.

Шеснаесетиот тенисер во светот има проблем со повреда на зглобот и по консултација со лекарскиот тим реши да го прескокне турнирот што ќе се одржи на терените на Ролан Гарос.

„Навистина ми е жал што не можам да учествувам на Олимписките игри. Тоа е нешто на што со нетрпение го очекував. Играм со болки во зглобот цела сезона на земја и трева, па сега морам сериозно да ги сфатам лекарските совети. Ќе ги следам Олимписките игри од дома и ќе ги бодрам сите дански спортисти и се надевам и верувам дека можеме да донесеме многу медали од Париз“, изјави Руне.

Се вчитува...