Репрезентацијата на САД е огромен фаворит на кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз, но селекторот Стив Кер гласно им порача на своите избраници дека очекува далеку подобри изданија на олимпискиот турнир отколку што тоа беше случај на подготвителните натпревари.
Американците едвај славеа во пресметките со Јужен Судан и со Германија, а Кер не го криеше незадоволството од недоволното залагање на своите кошаркари.
„Ја гледав снимката од мечот со Германија за да направам анализа, беше навистина тешко да се гледа сето тоа. Шетање по теренот, немаше трчање, динамика, желба за надигрување… Знам дека мраме многу подобро на двете страни од теренот, нема да стигнеме до златото ако само се шетаме наместо да трчаме. Сигурно ќе направиме одредени корекции на тактички план, но мора да се корегира и ставот на самите кошаркари. Се е во соработката меѓу тренерот и играчите. Очигледно е дека не завршив добра работа да ги натерам кошаркари да притискаат повеќе, дури имам впечаток и дека стагниравме и покажавме некои лоши навики на теренот“, изјави Кер.
Интересна ќе биде да се види реакцијата на кошаркарите по овие коментари на селекторот, веќе на првиот меч што Американците ќе го играат на Олимписките Игри, в недела против селекцијата на Србија (17.15 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

