Братот на Никола Јокиќ уапсен во САД

Никола Јокиќ во Париз се подготвува за настап на ОИ, но центарот на Денвер се соочува со семејни проблеми откако против неговиот брат е почната судска постапка во Денвер.

Страхиња Јокиќ е обвинет за напад од трет степен по инцидентот што се случи на плејоф натпреварот меѓу Денвер и ЛА лејкерс. Камерите забележаа како еден навивач на лејкерси влегува во конфликт со браќата Јокиќ на трибините, по што Страхиња со еден удар го нокаутира… Снимката беше доволен доказ за да се стартува со судски процес против „Јокиќ сениор“, кој во 2019 година исто така беше на суд поради физички напад врз жена.

Повреденото лице тврди дека на ниту еден начин не ги предизвикал браќата Јокиќ на физички насилство, жалејќи се дека по ударот се здобил со модринки, исекотини, а имал и потрес на мозокот.

„Во прв момент не сакав да поднесувам обвинение поради стравот за безбедност на моето семејство. Сепак, сметам дека ваквите дејствија не смеат да минат неказнето и затоа го сменив мислењето“, изјави Американецот кој го покрена судскиот процес.

Страхиња Јокиќ на првото рочиште се изјаснил како невин, тврдејќи во своја одбрана дека „штител повозрасен човек кого го знаел подолго време, од нападите на човекот кого го удрил“.

Се вчитува...