Ѓоковиќ го најави спектаклот против Надал: Нека биде како некогаш!

Новак Ѓоковиќ ја коментираше ждрепката за Олимписките игри, со која беше утврдено дека Србинот во второто коло ќе се сретне со неговиот голем ривал Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во првото коло на ОИ ќе игра против Австралиецот Метју Ебден, кој моментално не е рангиран на АТП листата, но во второто коло ќе се соочи со Рафаел Надал, доколку секако Шпанецот го победи унгарскиот противник, Мартон Фучовиќ.

„Ја видов ждрепката пред прес-конференцијата и има голем интерес за дуелот во второто коло бидејќи ние двајца треба да ги совладаме првите противници за да дојдеме до евентуалниот натпревар кој би бил спектакл како што игравме на сите големи терени ширум светот. Морам да ја надминам првата пречка и ќе дадам се од себе да одам што подалеку“, изјави Ѓоковиќ. 

 

Се вчитува...