Мареј нема да игра во сингл на ЛОИ во Париз

Британскиот тенисер Енди Мареј кој е двократен олимписки победник во сингл конкуренција од Лондон во 2012 година и Рио во 2016 година, реши да се натпреварува само во парови на Олимписките игри во Париз.

Во јуни, Мареј беше опериран за отстранување на циста од ‘рбетот и поради тоа на неодамнешниот Вимблдон се откажа од играњето во поединечна конкуренција и настапи само во двојки, а истата ситуација ќе се повтори и на ОИ, каде Мареј ќе игра со Даниел Еванс.

„Решив да се откажам од сингл за да се концентрирам на двојки со Дан. Тренинзите се одлични и одлично соработуваме во играта. Со нетрпение очекувам да можам уште еднаш да ја претставувам Британија“, објави Мареј.

Се вчитува...