Урнат е првиот светски рекорд на игрите во Париз

На ден пред свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз урнат е и првиот светски рекорд. Корејката Сихјеон Лим успеа да урне светски рекорд во стреличарство на првиот ден од ова натпреварување.

Таа во квалификациите успеа да погоди 694 кругови и со тоа да го надмине рекордот на нејзината сонародничка Чахејонг Јанг, со 692 круга.

Воедно рекордот на Лим е и нов најдобар олимписки резултат, надминувајќи го оној на Сан Ан од игрите во Токио кога имаше 680 поени.

Се вчитува...