Лина Ѓорческа постигна голема победа во мечот од второто коло на ИТФ фјучрс турнирот во Фигеира да Фоз, Португалија. Таа со пресврт успеа да стигне до триумф против петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија (28 години, 163. место ВТА) со 2-1 во сетови (4-6 6-2 6-3) за два часа игра. Турнирот се игра за награден фонд од 100.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка имаше 50% искористеност на брејк шансите 9/18, за разлика од ривалката која имаше 6/15. Притоа Ѓорческа откако успеа да ги намали двојните сервис грешки стигна до триумфот во мечот (имаше вкупно 18, а 11 во првиот сет).
Во сите три сета македонската тенисерка имаше водство од 1:0 во гемови. На стартот од мечот поведе со 2-0, но протовничката имаше серија од три гема за водство од 3-2. Следуваа пак два гема за Ѓорческа – 4-3, но повторно мини серија за Хартоно и водство од 1-0 во сетови – 6-4 во првиот сет. Вториот сет почна со целосна доминација на македонската тенисерка која поведе со 5-0 во гемови, за противничката потоа да освои два гема и во осмиот гем на сервис на Ѓорческа, Хартоно водеше со 15/40 – следуваа четири „врзани“ поени за Лина која го доби гемот, а со тоа и сетот – 6-2 во гемови за 1-1.
Во решавачкиот сет израмнето беше до 3-3 во гемови, кога следуваа два брејка на Ѓорческа прво во седмиот, а потоа и во деветиот гем за 6-3 во гемови и победа од 2-1 во сетови.
Во четвртфиналето нашата тенисерка ќе игра со победничката од мечот меѓу втората носителка Ребека Мерино од Канада и Медисон Инглис од Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА