ШОКАНТНО: Унгарците не знаат каде им е најдобриот спортист од кого очекуваат олимписки медал!

Унгарскиот пливач, европски и светски шампион, Криштоф Милак е недостапен за олимпискиот комитет на оваа земја веќе неколку денови, непосредно пред почетокот на ЛОИ 2024 во Париз.

Унгарскиот олимписки тим пристигна во Париз, но без најголемиот спортисти од оваа земја од кого се очекува да донесе медали од овие Игри.

Милак никој, па и неговите тренери на чело со Вилт Балаж, не го виделе последните седум дена. Никој не знае каде е, и дали ќе се појави во Париз. А, пријавен е за трките на 100 и 200 метри делфин во кои го брани златото од Токио, како и за штафетата 4х100 метри слободно.

Се вчитува...