Серафимов и Фехервар победнички во Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и неговиот Фехервар се на добар пат за обезбедување трето квалификациско коло во Конференциската лига, откако славеа на првиот натпревар од втората квалификациски рунда.

Унгарски Фехервар со 1-2 славеше на гостувањето против Сумкајит во Азербејџан во 2. квалификациско коло и веќе е пред мирен реванш за седум дена.

Серафимов одигра квалитетни 90 минути во одбраната на својот тим, притоа заработувајќи и жолт картон.

Се вчитува...