Тажен крај за францускиот клуб Бордо кој престана да постои, поточно го загуби статусот на професионален клуб.
Раководството на клубот одлучи да се откаже од професионалниот статус кој клубот го носеше од 1937 година, со што раскинати се сите договори со играчите, а тренинг-центарт ќе биде затворен.
Со тоа Бордо стави крај на своето постоење уште пред одлуката на Управниот суд кој треба да одлучи дали ќе прогласи ликвидација или стечај. Бордо веќе го информираше Францускиот фудбалски сојуз за својата одлука.
Клубот чиј дрес своевремено го носеше и еден од најголемите европски фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан, првично беше исфрлен во Националната лига поради собраните долгови, а сега и престана да постои.
Долговите на клубот достигнаа до 40 милиони евра, од кои само побарувањата на поранешните играчи, тренери и членови на стручниот штаб се 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА