ПСЖ го „краде“ Нико Вилијамс од Барселона!?

Барселона има сериозни проблеми со доведувањето на нови засилувања. Финансиските проблеми оневозможуваат лесно доведување нови фудбалери, а последен пример е Нико Вилијамс.

По одличните настапи на ЕВРО 2024, крилниот офанзивец не криеше дека сака кариерата да ја продолжи во Барселона. Тој веќе почна и да бара куќа во Каталонија, но денеска, како што информираат шпанските медиуми, се случило она најлошото за Барселона. Вилијамс доби многу повисока понуда од онаа од каталонскиот тим.

Во трката за услугите на Вилијамс се вклучи и ПСЖ, со многу повисока понуда од онаа на Барса.

„Барселона ги договори личните услови со Нико Вилијамс. Но, ПСЖ сега му нуди двојно повеќе пари и тоа може да го промени неговото мислење“ – пренесува каталонското радио.

Во наредните неколку денови ќе биде познато дали Вилијамс и Атлетик Билбао ќе ја прифатат понудата од ПСЖ.

Се вчитува...