Хајдук го победи Торшавн со 2-0 во Сплит во првиот напревар од квалификациите за Конференциската лига, во дебито на Џенаро Гатузо на кормилото на сплитските бели.
Но, како Хајдук не одигра некој натпревар за паметење, хрватските новинари со бројни негативни констатации го „нападнаа“ Гатузо на прес-конференцијата по мечот, па Италијанецот не можеше да ја сокрие својата лутина.
„Вие зборувате само за негативни работи и не сакате ништо друго да видите, а ние 60 минути игравме одлично. Треба да земете во предвид дека за нас ова е прв официјален натпревар во новата сезона, а кај нив првенството тече и имаа одиграно 16 меча во лигата пред овој меч. Не може да очекувате победа од седум или осум разлика, не менува ништо тоа што доаѓаат од Фарски Острови“ – истакна Гатузо на прес-конференцијата по дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА